Папаја овошје за сјајна кожа!
Папајата е здраво овошје за нашиот организам. Освен што е добра за нашето здравје таа е добра и за нашата убавина. Имено папајата е природен пилинг. Затоа ви претставуваме една маска која задолжително треба да ја испробате.
За подготовка на оваа домашна маска ви треба папаја и две лажици природен јогурт. Сите состојки можете да ги пронајдете во супермаркет со малку пари а ќе добиете голем резултат.
Како да направите домашна маска од папаја?
Ставете во блендер внатрешност од папаја и јогурт и измешајте ги така да добиете густа смеса но бидете внимателни да не претерате,бидејќи ќе биде ретка и тешко ќе ја ставите на лице.
Како да се употреби оваа маска?
По чистење на лицето нанесете ја маската од папаја на лицето но внимавајте на подрачјето околу очите. Откако ќе ја нанесете маската на лицето оставете ја пет минути а потоа отстранете ја со топла вода.
Ова е извонредна домашна маска за сите типови на кожа освен за оние со многу чувствителна,па бидете внимателни да не ја користите. Едноставна идеја и вреди да се обидете бидејќи има можност да ја навлажнува кожата и да ги отстрани мртвите клетки од кожата на лицето.