Уште еден многу моќен производ. Еве што се можете да излечите со зелка!
Зелка,блага,кисела,како салата,главно јадење или додаток со месо или без него покрај гравот и компирот е основа на нашата кујна.А на нашите подрачја се користи и како храна и како лек.
Еве што се може успешно да излечи :
Слабокрвност
Зелката е богата со минерални соли,витамини и хлорофил па се препорачува на слабокрвните лица кои би требало да ја јадат сирова или варена на пареа. Би било добро во текот на денот да испијат по две чаши исцеден сок од зелка.
Чир на желудник
Три неполни чаши од свежа зелка на ден се добар лек за чир на желудникот. Лечењето се спроведува до оздравување и секако во консултација со компетентни лица.
Мамурлак
Може да се ублажи по земање на две големи лажици сируп од црвена зелка. Сирупот можете да го направите така да на сокот од зелка ќе додадете еднаква количина на шеќер и ќе варете на пареа додека да згусне.
Кашлица
Сирупот од црвена зелка ја смирува кашлицата. За сирупот е потребно ситно да изрендате главица црвена зелка,добро изгмечете и процедете а потоа благо загрејте на околу 45 до 50 степени и додајте три-четири супени лажици мед и два децилитри чај од слез. Со дрвена лажица благо измешајте ја смесата. Кога ќе се соедини и природно се излади истурете ја во темно шише и чувајте ја на ладно. Неколку пати на ден пијте една супена лажица.
Оток и акни
Доколку се ударите отокот и модриците можете да ги отстраните со помош на стариот лек. Доволно е два листа зелка ги завиете на удреното место. Акните и лишаите се ублажуваат со облози од лист или лосион од сок од свежа зелка.