Премногу витамини – ризик за рак
Ако користите многу суплементи, тоа би можело да го зголеми ризикот од срцеви болести и рак. Ова го покажува една нова студија, а експертите кои ја направиле тврдат дека иако витамините се навистина добри за здравјето, тие би можеле да имаат спротивен ефект ако се консумираат претерано.
„Не сме сигурни зошто ова се случува на молекуларно ниво. Но, сведоштвата покажуваат дека луѓето кои ја надминуваат дозата се изложуваат на поголем ризик од
развивање на рак“, вели д-р Тим Бјерс од универзитетот во Чикаго.
Пред две децении, истражувачите открија дека луѓето кои јадат повеќе зеленчук и овошје се изложени на помал ризик за канцер. Но, д-р Бјерс започна истражување за тоа дали додатните витамини и минерали го намалуваат ризикот.
„Кога за првпат ги тестиравме хранливите суплементи кај животните откривме дека резултатите се ветувачки. Евентуално, можевме да ги испитаме и кај луѓето. Проучивме илјадници пациенти за 10 години кои земале редовни витамини. Всушност, некои луѓе заболеле од рак дури и кога земале витамини“, потенцира д-р Бјерс.
Според него, ова не треба да ги исплаши луѓето да земаат витамини и минерали. Ако се консумираат во препорачаната доза тогаш тие се добри за организмот.