Најдобри намирници за брза детоксикација на телото
Чистење на организмот од лошите состојки и отрови се препорачува одвреме-навреме, а овие производи се одлични за брза детоксикација на телото.
Ќе почнеме со, лукот, кој ги активира ензимите кои ги елиминираат токсините од вашето тело. Лукот исто така содржи селениум и алицин, лековити состојки кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и се борат против кардио-васкуларните заболувања. Авокадото е одлично е за чистење на црниот дроб.
Брокулите заедно со карфиол, зелка и кељ, се смета за совршен пријател во борбата против токсините. Содржи витамини Б и Ц кои ја зајакнуваат работата на ензимите во црниот дроб. Мала чаша сок од грејпфрут има толку многу витамин Ц што отровите веднаш ќе ги снема со првата голтка. Зачинот куркума може да ви помогне во детоксикацијата, така што ќе ги исфрли сите карцино-гени од организмот. Наместо да го почнете денот со кафе или чај, изборот нека биде чаша млака вода со лимон. Ова овошје го прочистува црниот дроб и ја стимулира неговата работа, а истовремено ја поттикнува работата на цревата.