Овес за коските, срцето и холестеролот
Објавено на 5 мај, 2015 во 10:16
Кога зборуваме за овес, треба да се напомене дека ова е лековита храна од исклучително хранлива вредност гарантирана од страна на неговиот состав.
Освен вода, протеини, масти, јаглени хидрати и минерали, овесот има многу калиум соли, скроб и шеќери.
Од излупените зрна овес се добива лесно сварлива храна за децата и болните. Ова растение станува многу важно за човечката исхрана, бидејќи тоа има голема хранлива вредност и најмногу масни киселини, кои се распоредени во совршени пропорции.