Крвната група го одредува вашето здравје
Според крвната група може да дознајте кои ви се ризиците од поединечни болести.
Луѓето со нулта крвна група имаат природна заштита која ги штити од срцеви заболувања. Додека лицата со крвна група АБ, која е и најретка помеѓу жителите, имаат околу 23 отсто поголем ризик за срцев напад, за разлика од останатите.
Луѓето со крвна група Б имаат 11 отсто, а со крвна група А пет отсто повеќе ризик за развој на срцеви тегоби.
Крвната група нулта има одредени супстанци во крвта кои помагаат при циркулацијата и ја намалуваат можноста на згрутчување на крвта, а со тоа се намалува и ризикот од срцев напад.
Исто така, крвната група А поврзана е со поголемо ниво на холестерол, додека пак крвната група АБ поврзана е со ризик на воспаленија, кои имаат клучни улоги за оштетување на артериите.