Какаото – регулатор на крвниот притисок
Какаото е познато како билка која го чува организмот од слободни радикали, го намалува стресот и депресијата, штити од срцеви болести и крвни садови, како и од многу видови рак. kakao Одличен извор е на железо, а покрај тоа го регулира нивото на шеќер и холестерол во телото.
Го поттикнува помнењето и ја подобрува концентрацијата. Ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар. Ја омекнува кожата, а со тоа го забавува процесот на стареење. Покрај тоа, какаото е силен афродизијак и антиоксиданс. Витаминот Ц е застапен во големи количини, толку многу што има повеќе од сите други семиња и јаткасти плодови. Други незаменливи минерали што се содржат во какаото се калциум, цинк,железо, бакар, сулфур и калиум. Какаото содржи многу хемикалии кои се важни за физичкото и менталното здравје, вклучувајќи ги алкалоидите, протеините, магнезиумот, бета-каротинот, леуцинот, линоленската киселина, липаза, лизин и неутрансмитери како допамин и анандемин. Исто така какаото е феноменален извор на растворливи растителни влакна.
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД КАКАОТО
Ги шири крвните садови и со тоа ја подобрува циркулацијата, го спречува згрутчувањето на крвта, го регулира отчукувањето на срцето и крвниот притисок, го намалува холестеролот и го намалува ризикот од инфаркт.
Штити од надворешни и внатрешни токсини – ја поправа и ја зголемува отпорноста од штетата извршена од слободните радикали и може да го намали ризикот на некои видови рак.
Неуротрансмитерите се зголемени под посредство на какаото и ни помага да се чуствуваме добро.
Фенилетиламин – го има во чоколадата, но мозокот исто така го произведува кога сме заљубени. Го подигнува расположението и делува како анти-депресент, но и го зголемува фокусот и реагирањето.
Анандамид – позната како “блажената хемикалија” бидејќи прави да се чуствуваме убаво подолго време.
Ефедрин – ги шири алвеолите во белите дробови и овозможува подобро дишење, а со тоа и полесно извршување на спортските активности.
Сулфур – познат како минералот на убавината. Сулфурот ги гради ноктите и косата, ја прави кожата сјајна, го детоксицита црниот дроб и панкреасот.
Незаменливи масти – ја содржи олеинската к-на која претставува монозаситена масна к-на која е здрава за срцето и го намалува лошиот холестерол.