Со чили против вишокот килограми
Објавено на 30 јуни, 2015 во 09:55
Дали знаевте дека лутата состојка на храната ,чили е одличен сојузник во борбата против вишокот на килограми?
Освен што на храната и дава специфичен,лут вкус,чилито на храната се додава бидејќи го забрзува метаболизмот а со самото тоа и ги топи килограмите. Состојката на чилито, капсаицин има топлотен ефект,поточно поради него телото согорува повеќе калории: согорувањето на калории почнува после 15-ина минути после консумацијата.
Од друга страна,лутата и зачинета храна не се јаде брзо,мозокот има доволно време да резонира дека телото е сито и на тој начин не внесувате вишок на храна.