Јадете круши,тие се здрава храна
Меки и сочни круши се идеално есенско овошје, одличен извор на витамини и минерали ,важни за добрата состојба на целокупниот организам.
Крушите обилуваат со влакна, а на сите нас ни е познато дека исхраната која обилува со влакна помага во спречување на надуеноста, одржување на здравиот ниво на холестерол, а храната која е полна со влакна е добра во превенцијата на ракот на дојката, срцевите заболувања и дијабетес тип два.
Крушите содржат и минерал бор, кој во нашето тело е потребен поради подобра апсорпција на калциум, што ова овошје го прави да биде силен сојузник во војната против остеопорозата.
Да се јаде три или повеќе порции овошје дневно, како што се крушите, може да се намали ризикот од сенилност, која е најчеста причина за губењето на видот кај повозрасните лица.
Кората на крушата содржи кварцетин, антиоксиданс кој помага во спречување на рак и оштетувањето на артериите кои предизвикуваат срцевите заболувања. Најновите истражувања покажале дека консумирањето на крушите можат да помогнат во спречувањето на алцхајмеровата болест.