Рукола – Зелено злато богато со витамини
Руколата, или некаде позната и како „зелено злато на Римјаните”, е салата која најмногу е застапена во приморските региони на Јадранското Море бидејќи средоземноморската клима најмногу и одговара па така често и се одгледува како украс во малите градини.
Овој земјоделски производ, кај нас се приготвува како салата а се користи како додаток со варен компир и риба. Може да се одгледува и кај нас бидејќи руколата има скромни услови како на пример топлина а е отпорна и на ниски температури и мразеви. Поради тоа може да се произведува во текот на целата сезона. Може да се одгледува на секаков вид почва, но најдобро е кога е на богата почва со pH неутрални или алкални почви на делумно засенчено место.
По сеидбата, консумната вредност на руколата достигнува од 40 до 60 денови кога може да се бере. Руколата има горчлив ароматичен вкус и е богат извор на калциум, магнезиум, железо, калиум, фосфор, витамин А, витамин К, витамин Ц и фолна киселина. Исто така овој производ содржи големи количини на бета каротин, кој има антиоксидативно дејство, и го намалува ризикот за развој на хормонски зависни карциноми, како што е на пример карцином на дојката. Најдобро е да се јаде веднаш по берењето, бидејќи доколку стои подолг период таа го губи витаминот Ц.
На пазарите руколата обично ја има од мај до октомври а нејизните листови треба да бидат свежи и со темно зелена боја.
Руколата може да се чува во фрижидер, во добро покриен сад 2-3 дена, на температура од 4-8°C, но најдобро е да се приготвува веднаш, бидејќи со стоење, дури и на ладно место, губи големи количини на витамин Ц.
.