Со лубеница можете да слабеете
Нема подобар плод од лубеница кога запече летното сонце. Благодарение на своето диуретско дејство, сокот од лубеница е одличен сојузник кога станува збор за губење на тежината. Поточно, во борбата против целулитот. Високата концентрација на растителни влакна, ниската калорична вредност на лубеницата и слаткиот вкус ќе ве засити и ќе ви помогне да го совладате гладот.
Избегнувајте ја лубеница пред спиење, бидејќи за време на спиењето варењето е побавно, а тоа може да ви направи проблеми со стомакот на следниот ден. Исто така веруваме дека не сакате да се будите неколку пати во текот на ноќа за да одите до тоалетот, бидејќи лубеницата има диуретично дејство, а со тоа ќе имате потреба често да мокрење.
Човекот е направен од 70% вода, а лубеницата содржи цели 90%. Покрај тоа, бонус е и дека е полна со витамини A и C, како и растителни влакна, калциум, фосфор и магнезиум. Сокот од лубеница го зајакнува имунолошкиот систем, помага при детоксикација и сам по себе е добар антиоксиданс.
По тренингот, сокот од лубеница ќе помогне на мускулите побрзо да се опорави и да ја надоместите изгубената вода и да рехидратирате телото. Исто така во овие жешки и сончеви денови кога сите лежите на плажа и собирате сончевите зраци, лубеницата е вистински сојузник поради високата концентрација на бета-каротен, кој ќе ви помогне подолго да се задржи темниот тен.