Аквафаба – вегетаријанска замена за јајца
Објавено на 28 јули, 2017 во 10:24
Аквафаба е течноста која можете да ја најдете во лименките од конзервираните мешунки или, што е уште подобра варијанта, во тенџерето во кое сами сте ги свариле дома.
Нејзиното најзначајно својство е тоа што може во целост да ја замени белката, но и целото јајце.
Аквафабата ја открил на крајот од 2014.година Французинот Џоел Росел, а една година подоцна, сите можности за нејзина примена ги усовршил американскиот вегански експерт Гус Вохлт.
Сите кои го испробале ова револуционерно откритие се сложуваат во едно – аквафабата е најздравата, најефтината и најпристапната замена за јајца. Ние не сме пробале се уште, но следниот рецепт дефинитивно, наместо со јајца ќе го направиме со аквафаба.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.