Црниот леб ја подобрува работата на цревата
100 грама леб од цело зрно(грам леб) има околу 200 калории, додека белиот леб има 240 калории во 100 грама. Интегралното брашно не е рафинирано, за разлика од белото, кое покрај скробот и растворливиот шеќер содржи трици и природно жито што во себе содржат диететски влакна. Тоа се целулоза, хемицелулоза и лигнин (несварлив јаглен хидрат). Влакната во желудникот го зголемуваат волуменот и го пролонгираат чуството на ситост, имаат заштитно дејство, ги врзуваат маснотиите и полесно ги отстрануваат наместо да одат тие дирекно во крвта, а немаат калорична вредност, пишува Здравје и храна.
Влакната исто така имаат смирувачки ефект на желудникот, ја зголемуваат активноста на цревата, ги зајакнуваат дигестивните органи, ги апсорбираат токсичните материи во цревата и го скратуваат времето на преминување на храната низ дигестивниот систем.
Освен тоа, црниот леб има многу повеќе витамини, особено Б комплекс, минерали и протеини од белиот леб.