Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

trpeza fin

Секоја година се зголемува бројот на заболени од инсулинска резистенција, дијабетес тип 2, срцеви заболувања, хипертензија, висок холестерол и рак. Некои од нив се резултат на стилот на живот, а празниците се период кога грижата за здравјето не е ни на списокот на она што мораме да го правиме. Затоа издвојуваме неколку празнични навики со кои му штетиме на нашето здравје.

Недостиг на овошје и зеленчук

Најчестата грешка што ја правиме во текот на празниците се однесува на исхраната. Имено, празничните трпези во текот на празниците претежно се полни со храна полна со масти, а ретко има овошје и зеленчук.

Алкохол со секој оброк

Коктелите со голема количина на шеќери или, пак, темни и тешки пива наместо полесни и помалку калорични видови се избор на многу луѓе за празниците. Истовремено, склони сме и да испиеме голема количина.

Недостиг на активности и свеж воздух

Дали поради лошото време, недостигот на волја или вишокот храна, во текот на празниците сме склони кон минимална активност, а таквата практика дефинитивно не е добра за нас.

Неодбивање храна

Контролата во текот на празниците ни е непознат збор, а и посклони сме кон грешки кога ни се нуди нешто. Но, треба да знаеме кога е доста, ама и тоа е тешко бидејќи во овој период не водиме сметка за бројот на дневни оброци, па јадеме веднаш откако сме јаделе.

Нема оброк без десерт

Големиот број на колачи е непресушен извор, па склони сме да изедеме нешто по секој или помеѓу секој оброк.
Не е битен видот на месо

Месото за празниците е подготвено на различни начини, а оброците доаѓаат и во сите видови месо, но бидете свесни дека пилешкото, свинското и говедското содржат просечно 23-41 отсто масти, а на 100 грама месо доаѓаат дури 80 мг холестерол.

Нема празници без стрес

Фамилијарните дружења се стресни, но таквите ситуации се штетни за здравјето, па оваа година воздржете се од ситуации што би биле штетни за вас.

Нерамнотежа во исхраната

Избегнувањето на појадокот за да можете да изедете што е можно повеќе за вечера, а потоа консумацијата на големо количество храна пред да си легнете, е многу штетно. Имено, долгата пауза меѓу оброците го забавува метаболизмот, а доцните оброци водат до дебелеење, но и до притисок на срцето и воспаление на целото тело.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново