Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

smokvi fin

Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност зголемените маснотии во крвта се болест на денешницата.

Понекогаш кај лица со зголемени масти може да се забележат наслаги од масно ткиво со жолта боја во облик на плочка или јазол на горните очни капаци или на некои други делови од телото.

Со напредување на болеста доаѓа до задебелување на ѕидовите на артериите, за што допринесуваат и други ризични фактори (како пушењето, алкохолот, никотинот), а последица од сето тоа, за жал, најчесто се кардиоваскуларните болести кои се една од водечките причини за смртност во светот и кај нас.

Доколку имате покачено ниво на маснотии во крвта, ви го препорачуваме овој лек, бидејќи им помогнал на многумина.

Состојки: суви смокви и јаболков оцет

Лекот направете го навечер, а пијте го наутро. Земете три суви смокви добро избоцкајте ги со чепкалка за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој сте ставиле два децилитри јаболков оцет.

Нека стојат преку ноќ, а наутро изедете ги трите скиселени смокви. Остатокот од оцетот немојте да го фрлате, туку во тој истиот оцет наредната ноќ повторно ставете три смокви подготвени на ист начин.

Тие два децилитри оцет користете ги седум дена, поголемиот дел ќе го впијат смоквите. Осмиот ден земете нови два децилитри оцет и постапката повторете ја уште една недела. Постапката за отстранување на мастите трае 14 дена.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново