Кои знаци во организмот укажуваат на слаб имунитет?
25.03.2021
Болки во грлото, настинка, кивање, необјаснет замо се повеќе од јасни знаци за пад на имунитетот. Најчести причини за намален имунитет се недостаток на сон, стрес, лоша исхрана, прекумерен физички напор, недоволен внес на течности, но и генетика.
Сепак, постојат и такви кои најчесто им ги припишуваме на стресот и нервозата, а тие исто така укажуваат на тоа дека здравјето и еластичноста на нашето тело се распаѓаат. Ова се трите најнеочекувани симптоми кои покажуваат дека вашиот имунитет е ослабен.
Дебелина или прекумерно слабеење
Губење на апетит доведува до недостаток на витамини и општа слабост, и секако, до нагло слабеење. Од друга страна, прекумерната тежина, но и потребата за слатки на кои не можете да им одолеете, може да покажат дека нешто не е во ред со имунитетот.
Сув нос
Ако често имате настинка и течење на носот, ова може да покаже дека вашето тело е ослабено. Сепак, сувиот нос исто така може да биде аларм дека нешто не е во ред со вашето здравје. Ако го имате овој проблем, зголемете го внесот на витамини.
Промени во мукозната мембрана на усната шуплина
Состојбата на организмот се рефлектира на сите органи, особено во усната шуплина. Ако почувствувате бели промени во устата и јазикот (афти), може да има проблем со намален имунитет.
Мите Јаначков