Започна ликовната колонија „Кавадарци – Михајлово 2017“
По 23 пат, синоќа во Кавадарци беше отворена ликовната колонија „Михајлово-Кавадарци 2017“. Годинава е посветена на прерано починатиот ликовен уметник Ристо Соколов-Сокол. Учествуваат 65 автори од Европа и Азија.
Во рамки на оваа ликовна манифестација најпрво беше отворена самостојна изложба на Марјана Костојчиноска Унунчева која е еден од учесниците на колонијата. Станува збор за соврмена македонска уметница со една несекојдневна изложба, ликовен педагог и вљубеник во научната фантастика.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов им посака на уметниците инспирација, дружење и убави уметнички дела, a директорот на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”, Владимир Темков најави отварање и на уште две други изложби, како и меѓународен фолклорен фестивал во рамки на овој традиционален културен настан. Свеченото затворање на колонијата е на 26 август, со изложба на новонасликаните дела./А.Д