Изложба „Урбани документи: пејсаж-град-предел“, во Ликовен салон, Велес
Националната галерија на Македонија ќе реализира тематска изложба „Урбани документи: пејсаж-град-предел“, во Ликовен салон, Велес. Станува збор за селектиран избор на дела на тема Урбан предел од богатата колекција на Националната галерија на Македонија и е сочинет од слики на познати и афирмирани автори, меѓу кои Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Борко Лазески, Вангел Коџоман, Томо Владимирски и други.
Голем дел од делата за прв пат беа презентирани пред јавноста во просторот на Мала станица, Скопје, лани во септември. Ликовните дела се интересни за ликовната публика, од аспект на историски и документарен карактер како сведоци на едно минато време, како и од ликовен аспект. Некои дела се со препознатливи мотиви, некој детал од Скопје, Битола, Охрид, Струга, Кратово, но и од Париз, Прага, Елбасан итн.
„Овие ликовни творби не се само обид објективно да се наслика еден град, туку тие истовремено претставуваат и обид да се разбере и да се долови духот на тој град и со ликовен јазик, да се пренесат неговите специфични особености. вели Елена Иванова, кустос во Национална галерија на Македонија и авторка на изложбата.
На изложбата, што ќе биде отворена во среда на 24 јануари, со почеток во 13 часот ќе бидат бидат презентирани 23 ликовни дела, од македонската збирка./У.Ј