Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Книгата „Бричење на петелот“ содржи илустрирани еротски афоризми. Афоризмите ги собрал Димитар Вилазорски додека илустрациите со цртежи се на македонскиот карикатурист Јован Поп Илиев. Издавањето на книгата се совпаѓа со пет деценискиот творечки љубилеј на Поп Илиев. Она на што посветено пристапил во изминатите неколку месеци познатиот велешанец Вилазорски, на промоцијата што се случи во понеделникот вечерта, рече:

- Прво ќе се навратам две до три години наназад, во времето кога ја издадовме книгата со еротски афоризми „На врвот на вулканот“ спонзорирана од Општина Струмица во која беа застапени голем број на афористичари од бившите југословенски простори со што создадоевме еден вид на антологија на југословенскиот еротски афоризам. Во книгата „Бричење на петелот“ се објавени само дел од афоризмите од таа книга при што се користени афоризми на нашиот познат карикатурист Јордан Поп Илиев. Тој ми испрати помеѓу 200 и 300 карикатури а јас одбрав стотина и во книгата ги соединив со афоризмите со цел да ги спојам афоризмите и карикатурата. Колку успеав во тоа ќе каже критиката и читателите, рече Вилазорски.

Тој на новинарите им прочита неколку афоризми:

„Го сакам сексот и радо се сеќавам на него“,

„Вибраторот е епохален пронајдок, заменува тројца црнци“ и

„Сакам за сопругот да бидам закон, а излезе дека сум била само една негова дупка“.

Во книгата „Бричење на петелот“ застапени се афоризми од познатите афористичари, велешаните Живко Павлов, бард на македонскиот афоризам и од Атанас Крлевски, потоа од македонските Васил Толевски и Миле Ѓоргиевски како и афористичарите од поранешните ЈУ простори како Паљак, Чотриќ, Зоран Симиќ – Зокс, Јелена Кујунџиќ, Јован Николиќ и други.

На промоцијата што се одржа во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес присуствуваше и сатиричарот Марјан Ангеловски од Скопје. Тој летово ја освои наградата на најпрестижниот фестивал за „Најдобар млад сатиричар на Балканот“ во Плевња а беше второ награден и во Шабац.

- Јас најлесно се пронаоѓам во овој литературен жанр бидејќи обожувам кратки форми, поедноставни и подиректни за што мислам дека ми лежат. Во моментов нема сатирично списание па најмногу објавувам на социјалните мрежи како и на некои портали што претставуваат некаков вид на генерален простор. Јас најмногу пишувам политичка сатира и црн хумор. Имам помалку еротски афоризми. генерално сатирата произлегува од се она што е негативно во општеството. На некој начин, ние сатиричарите, внесуваме ведрина и позитивност, рече Ангеловски.

За крај и Ангеловски издвои два афоризми;

„Си го купив најскапото јаже за бесење, еднас се живее“ и

„Жена ми толку многу хрчеше што сега спие како заклана“.

Убавка Јаневска

 

Поврзани вести

 

Најново