Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Монографијата „Скачинци и скачинчани во постојана преселба“ е бесценет документ.Нејзината важност е во безвременостa, во тајната нишка која одовде преку неа , ќе се одвлекува во вечноста, за да сведочи за едно минато време и за едни луѓе ,нивни баби, дедовци, мајки и татковци, сестри и браќа, кои живееле таму ,под сонцето што го грее и нашето македонско парче земја натпопено со многу пот.

- Оваа книга е посеветена на едно село, стуткано во пазувите на планината Клепа и за неговите жители кои од постанокот па до ден денешен постојано го менувале своето огниште. Мојата цел е на сегашните и идните генерации да им биде сведок за нивниот корен, да знаат од каде се нивните корени кои денес се отселиле можеби во Велес или живеат низ целиот свет, рече авторот на книгата д-р Никола Стојанов на промоцијата што се одржа во преполнетата сала на библиотеката „Бели Мугри“ во Велес.

-Книгата на Д-р Стојанов ја отсликува историјата на Скачинци и околината од периодот на антиката па до денес. Авторот преку неа јасно дефинира два дела: прагматика и живописна сторија за животот на ова место низ сите турбуленции предизвикани од историските настани кои често го зафаќале селото и неговите жители. Токму од овој сегмент авторот ги открива тајните за долговечното цивилизаторско опстојување на селото Скачинци и сите околни села сместени под Клепа, рече промоторот д-р Анита Василкова Мидовска.

- Книгата на д-р Никола Стојанов претставува историско дело. И самиот тој е роден Скачинчанец. Во книгата ни зборува за периодот од антиката па се до 20 век. Најголем историски опфат се деталите со историски факти кои ни го отсликуваат отпорот на жителите против османлиската власт, потоа појавата на првите комитски чети во скачинскиот крај, борбата против бугарското, српското и грчкото влијание како и формирањето на партизански чети и борбата на Скачинчани за конечна слобода на Македонија,рече промоторот професор Весна Богоевска.

- Нашите зборови неможат да ја доловат големината на ова дело.Оваа книга на д-р Стојанов ќе остане засекогаш вредна книга за генерациите Скачинчани што ќе навраќаат кон сопствениот корен, рече поетот Игор Крајчев.

На промоцијата на книгата „Скачинци и скачинчани во постојана преселба“ присуствуваа голем број спонзори,кои помогнаа во нејзиното издавање. На секој од нив авторот д-р Никола Стојанов им врачи примероци од монографијата за селото Скачинци. /С.А

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново