Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

premeraSara fn

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес премиерно ќе ја изведе претставата „Сара“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова.

„Сара“ е праизведба на истоимениот драмски текст на Катерина Момева и втора премиера на Велешкиот театар за сезона 2020 која театарот ја реализира од сопствени средства. Улогите во претставата ги толкуваат Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Симона Димковска, Кристина Нацева, Самоил Стојановски и Славица Манаскова. Сценограф на претставата и автор на рекламниот материјал е Филип Коруновски, а изборот на музиката е на Орхидеја Дукова.

„Сара“ е драма за невротичната потреба за љубов, хистеричната потреба за внимание, растроената потреба да се сочува илузијата на секојдневието. Драма за човечкото и животинското во нас, за нагонот кој што сака самиот себе да се изрази, но и размисла за последиците од тоа.“ – вели режисерката Елеонора Теова.

-Подобро да не навлегуваш во мрачните страни на човек затоа што не знаеш што ќе најдеш таму. А што би нашол? И можеби тој мрак од кој толку се плашиме сака да биде пополнет со љубов,“ напиша авторката на драмата Катерина Момева.

Претставата премиерно ќе биде изведена во четврток, на 6 февруари, годинава и трае 90 минути. Не се препорачува за лица под 16 години. Првата реприза на претставата е на репертоарот на театарот во четврток, 13-ти февруари во 20 часот.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново