Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

what comes nexy

24.11.2020

Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци од денеска, па се до крајот на месецот ќе биде отворена мултимедијална изложба посветена на различностите.

,,Сите луѓе се еднакви, само некои се поеднакви од другите.“

Да зборува човек за еднаквост во средина каде нерамноправноста, дискриминацијата и стигматизацијата се секојдневие, присутни во повеќе сегменти на општественото живеење, претставува вистински предизвик, особено во услови каде маргинализирањето на одредени заедници, особено оние кои доаѓаат во судир со сопствениот род и идентитет, истовремено е проследено и го карактеризираат искуства на деградација, исклучување и насилство, но и лишување од основните добра и услуги, покренати од стравот од реакциите кои честопати вклучуваат исмејување, дискриминација и насилство. Иако континуираните кампањи и напори за намалување на  хомофобијата и трансфобијата кои се водеа изминатиов период доведоа до значителни промени во однос на подигање на свеста кај поширокото население, зголемување на поддршката и во одредена мера- спречување на насилството врз членовите на ЛГБТИ-заедницата, промени кои истовремено поттикнаа и голем дел од нив да застанат во одбрана на своите права, факт е дека овие луѓе, особено трансродовите лица, и понатаму се едни од најмаргинализираните и најранливите во нашето општество, велат организаторите.

Се чини дека трансродовите луѓе се најмногу изложени на ваквото постојано ,,тапкање“ во место, изложени на разни препреки и замки, проблеми не само од административен и емоционален, туку и од психолошки и медицински карактер, додаваат организаторите.

Одовде и се роди главната иницијатива за реализација на еден проект, симболично насловен како „What comes next?!“, во кој вниманието ќе се насочи кон  трансродовите луѓе, ставајќи акцент на сите препреки со кои се соочиле низ годините, сите емоционални искуства низ кои поминале овие единки, социјално маркирани со разни омаловажувачки, понижувачки и дискриминаторски називи, искуства кои ги ставаат на маргините на нормативниот социјален простор и им го одземаат правото за достоинствен, легитимен, и вреден живот, оставајќи длабоки белези во психичката и менталната свест на овие луѓе.

Препреки, кои за трансродовите луѓе се чини како никогаш да не завршуваат, нагласуваат организаторите. „What comes next?!“ е проект на групна изложба од интерактивен, интердисциплинарен и колаборативен карактер, каде преку рецентни дела, создавани директно како визуелен продукт на вистинските животни ситуации низ кои поминуваат трансродови луѓе, ќе се искаже сето она низ што со годините наназад поминале овие индивидуи, сето она низ што денес, можеби во овој момент го поминуваат, онаа животна стаза која поради многубројните општествени, административни и психолошки бариери, постојано ја поминуваат, враќајќи се назад низ лавиринтите на општеството, одново и одново.

Сите животни приказни, биле собрани по пат на однапред остварени лични контакти и познанства, а во рамките на проектот, бил објавен и јавен повик за собирање на животни приказни од трансродови лица, кој во соработка со трансродови организации бил раширен низ целото балканско подрачје, така што заинтересираноста и пристигнатиот број животни приказни, бил  поголем од очекуваниот.

Носител на иницијативата и автор на проектот е Ангела Витановска.

Оваа изложба е овозможена преку проектот за ЛГБТИ Инклузија 2.0 кој е финансиски поддржан од ИЛГА-Европа, а имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка,  во партнерство со Коалиција Маргини. Организаторите нагласуваат дена настанот ќе се одвива согласно превентивните мерки за заштита од коронавирус, а бројот на посетители е ограничен.

Мите Јаначков

 Нова 2020

 ДЕЛТА ПРОМ 1

 2021 со честитки за Божиќ и стара Нова година

 и благосостојба во домот и успех во работата

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 Fokus

viber image 2020 12 24 14 00 26

viber image 2021 01 02 09 31 36

from samantha howells 1

from samantha

 Романтик

 2021 Честит Божиќ и Стара Нова година 1

 2021 Честит Божиќ и Стара Нова година 2

 2021 Честит Божиќ и Стара Нова година 4

opshtina chashka

 посакува Среќна 2021 година

 Нова 2021 честит Божиќ и Стара Нова година 4

 
   
   
   
   

Најново