Пред новогодишно во Дом на култура Кавадарци: Традиционална изложба и театарска претстава за деца
28.12.2020
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци последната недела од 2020 година ќе ја заокружи со два настани.
Во понеделник, на 28 декември 2020, со почеток во 12 часот, во Галеријата при Дом на културата ќе биде отворена традиционалната Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК) на која членови на ДЛУК ќе се претстават со дела од нивните најнови работни циклуси.
Ден подоцна , вторник, 29 декември 2020, со почеток во 19 часот, Театарот при домот премиерно ќе ја прикаже новогодишната претстава “Дедо Мраз и куклите“. Автор на текстот и режија Александар Малинков.
Во претставата улогите ги толкуваат: Александар Малинков, Диме Боцев, Микица Илова, Сијче Трајкова, Стојанче Ванѓелов, Смилја Бошкова, Сашко Орешков, Ангел Милков и Кристина Јованова.
Настап во претставата има и Балетско студио “Венус“.
Претставата ќе се прикаже online на ФБ страната и ФБ профилот на кавадаречкиот Дом на култура.
Мите Јаначков