Извидници од Велес и Чашка викендов на камп во Голозинци
Студеното време не ги спречи извидниците од „Димитар Влахов“ викендов да престојуваат во нивниот извиднички центар Голозинци и да реализираат низа активности од проектот „Создаваме подобар свет“. На првиот камп четириесетина членови на Извидничкиот одред од Велес и Чашка ја промовираа локалната младинска работа, поттикнуваа младинско учество, ја креираа Локалната младинска стратегија а дебатираа и за социјално интегрирање преку неформално образование. Но освен внатре во извидничкиот центар тие не ги пропуштија и активностите во природа.
– Целите на овој проект се институализација и развивање на методологија за создавање на форми на младински активности, зголемен и квалитетен интензитет на активности за млади во рурални средини, институализација и развивање на методологија засоздавање на форми за дејствување на младинските волотери во развојот на локалната заедница, зголемен и квалитетен интензитет на волонтерски активности на младите, обучени млади волонтери до 20 години кои што се оспособени за развивање и имплементација на младинскиот волонтеризам, појава на активности за млади до 20 години, рече началник на Извиднички одред „Димитар Влахов“.
Фокусот на овој камп според Гушев беше ставен на формирање на младинска извидничка организација и донесување на младинска стратегија за општина Чашка.
На следниот камп кој треба да се реализира по новогодишните празници, во центарот на вниманието ќе бидат младите и неформалното образование./Д.С