Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Сообраќајна несреќа помеѓу патнички автомобил марка „Фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од триесет и три годишниот Т.М. и теренско возило марка „Мицубиши Л-200“ со скопски регистарски ознаки, управувано од педесет и девет годишниот М.С. се случи денеска на регионалниот пат Велес – с.Извор.
Несреќата се случила околу 9 часот.

- Во неа се повредени возачот на патничкото возило и неговите сопатници триесет годишниот З.М. и четиригодишно дете. Истите се пренесени во Општа болница – Велес, а поради карактерот на повредите детето е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Според искази на очевидци на несреќата, кои со возило се враќале од трета смена од работа тие ги пренеле повредените во болницата во Велес и најтешко повредено било детето кое се здобило со сериозни повреди на  левата рака. Бидејќи станувало збор за медицински персонал тие уште при транспортот од местото на несреќата до болницата во Велес се обидувале да го сопрат крварењето и да му пружат максимално стручна помош за да се спаси раката на четиригодишното дете, која била здробена од лактот надолу кон шаката.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од СВР Велес. Инспекторите ќе ги утврдуваат причинте за несреќата./У.Ј

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново