Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

12:10 - часот: 

Четириесет и седум годишниот С.П. од неготинското село Црвени Брегови загина во сообраќајната несреќа што во неделата вечерта, околу 19,00 часот, се случи на регионалниот пат Градско-Неготино, кај локалитетот „Стоби“. Тој го управувал патничко моторно возило „КИА“,  кое излетало од коловозот и се превртело.

Во незгодата С.П. починал на самото место. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

 

09:03 часот:

На регионалниот пат Градско - Неготино кај локалитетот Стоби, вечерта во неделата околу 19 часот, „киа“ управувана од маж чиј идентите засега не е познат, излетало од коловозот и се превртело.

МВР информира дека возачот починал на лице место.

Поврзани вести

 

Најново