Кумановец загина во сообраќајка на автопатот Велес – Градско
Тешката сообраќајна несреќа се случила вчера, среда 19 јули, околу 18 и 30 часот на aвтопатот А1 Велес-Градско, во близина на исклучок за селото Виничани. Во неа учествувало патничко возило марка „Опел-Зафира“со кумановски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Р.Д. (52) од Куманово.
Возачот најверојатно изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и се превртел во канал за атмосферски води, длабок 3 метри при што, како последица на добиените повреди возачот починал на лице место. На местото каде што се случила несреќата причинета е материјална штета на возилото од околу 300.000 денари.
Увид на местотот на настанот изврши екипа на СВР Велес во присуство на Основен јавен обвинител. Тие ќе ги утврдуваат причините за сообраќајката.
По наредба на Обвинителот телото на починатиот е пренесено на обдукција. По несреќата возилото е пренесено во Станицата за технички преглед на АМСМ – Велес./У.Ј