Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

На двете избирачки ливчиња, за нов Градоначалник и за нов состав на Советот на Општина Градско денеска гласаат вкупно 3.147 граѓани со право на глас во оваа општина од Вардарски регион. Граѓаните правото на избор го остваруваат на 11 избирачки места. На избирачките ливчиња тие имаат тројца кандидати за Градоначалник и исто толку листи со кандидати за членови на Советот.

Според претседателката на Општинската изборна комисија, Мери Димовска до 10 часот излезноста во општината изнесува 11,57% . Засега нема евидентирано проблеми и нерегуларности во избирањето. Во текот на вчерашниот ден избирачките одбори посетиле вкупно 35 болно и изнемоштено лице на подрачјето на општината со цел да го оствари правото на глас. Од нив, според првичните информации на Димовска , гласале вкупно 33 болни и изнемоштени граѓани затоа што избирачките одбори констатирале дека едно пријавено лице било починато а второто не го нашле во неговиот дом./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново