Заседаваше Советот на Општина Градско
Денеска заседаваше советот на општина Градско. Ја одржа втората редовна седница во чии рамки беа формирани повеќе комисии.
По повод денот на општина Градско, 16 декември советот одлучи да бидат доделени општински награди и тоа за најдобар наставник на Билјана Славева, најдобар ученик од прво до четврто одделение на Тоше Марков, од шесто до деветто одделение на Билјана Велковска. Награда за најдобар ученик од училиштето во селото Виничани ќе биде доделена на Христина Цекова, за најдобар средношколец на Марија Малчева, а за најдобар студент на Димова Катерина.
Наградите ќе им бидат доделени на свечената седница по повод денот на општината.
2 милиони денари општината има предвидено за изработка на урбанистички планови. Советниците ја нагласија неопходноста од носење на урбанистичкиот план бидејќи со години општината неможе да издава градежни дозволи.
Општината ќе распише тендер за избор на најповолна понуда за одржување на улиците и патиштата при врнежи од снег.
Беше усвоен акциониот план за енергетска ефикасност на општина Градско за 2018 година, а со одлука се утврди пазарната вредност на недвижниот имот за утврдување вредност на градежно земјиште.
„Неколку години не се носеше ваква одлука и не се вршеше прилагодување со методологијата за утврдување пазарна вредност на недвижен имот. Сега согласно со оваа одлука ќе има намалување на данокот на имот кој го плаќаат жителите на општината“ рече меѓу другото градоначалникот Роберт Бешовски./А.Д