Загина пешак на патот Велес – Градско а возачот што го удрил избега
Објавено на 6 март, 2018 во 10:21
Триесет и тригодишниот Д.В од селото Аџиматово настрада во несреќа што вчера околу 18 часот се случи на регионалниот пат Велес-Градско. Во него удрил автомобил но, возачот не застанал туку избегал. Кога учесници во сообраќајот на патот го пронашле повредениот маж тој давал знаци на живот. Ја повикале Итната медицинска помош
Д.В. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес, каде починал.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Засега полицијата трага по непознато лице кое управувајќи го патничкото моторно возило со непозната марка удрило во пешакот Д.В./У.Ј