Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Новата доградба до постоечкиот клон на градинката ќе има корисна површина од 150 метри квадратни. Од нив сто се проектирани за спални соби и педесет метри квадратни за проширување на трепезаријата. Со новиот простор ќе се издвои занималната и просторот за спиење што сега го користат 33 деца и ќе овозможи зголемување на капацитетот за нови 20 деца, претежно од населбата Градско. Така ќе се создадат поудобни услови за престој и скоро двојно повеќе ќе се зголеми бројот на згрижени деца. Проширувањето ќе овозможи тие да се поделат во групи наместо како досега сите да се заедно во една група.

- Зголемениот интерес на родителите за запишување на деца во градинка ја поттикна општината да ја подготви проектната документација за проширување на просторот кои во моментов се користи за сместување. Сега градинката функционира како клон на ОУДГ „Димче Мирчев“ во Велес. Со самата доградба и проширување на капацитетот ќе се создадат услови за поведување на постапка за формирање на нова општинска установа со седиште во Градско и ќе функционира во склоп на Министерството за труд и социјална политика која ќе ја управува Општина Градско, рече Градоначалникот Роберт Бешовски.

Општината ја изработи проектната документација за потребното проширување на постоечкиот клон во Градско и се пријави на распишаниот повик од страна на ресорното министерство. Иако првично постоела опцијата за изградба на нов објект поради лошата финансиска состојба во која се наоѓа Општина Градско сепак била избрана варијантата за доградба. Министерството за труд и социјална политика го прифатило проектот.

- Доградбата ќе чини 2,3 милиони денари а внатрешното уредување 300.000 денари. проектот е одобрен и сега ќе ја отпочнеме постапката за започнување на градежните работи за доградување. Не е мал бројот на родители кои и сега имаат поднесено барање за згрижување на нивните деца во градинка но, еве започнавме со постапка на решавање. Тие ќе се стрпат само уште краток временски период додека завршат градежните работи со што на повеќето од нив ќе бидат удоволени барањата, рече Бешовски.

Општината ја завршила тендерската постапка и го подготвува градењето. Доградувањето на постоечката зграда на детската градинка ќе го врши скопската фирма „Линика“ додека надзорот ќе го врши комисија на министерството за труд и социјална политика./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново