Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

vardar fin

Единицата за специјални задачи на МВР, во саботата на 14 јули, од под мостот на село Кочилари извлече човечки труп што претходно го забележале и пријавиле граѓани. Станува збор за труп на маж во поодмината фаза на распаѓање. По наредба на Основен јавен обвинител трупот е пренесен на Институтот за судска медицина - Скопје на обдукција.

- Постапката за утврдување на идентитетот е во тек, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Еден ден претходно на општинскиот пат Градско-с.Чичево се случи и сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Форд Фиеста“ со велешки регистарски броеви, управувано од возачот М.П.(63) од Градско, излегол надвор од коловозот и завршил во нива ораница. Возачот се повредил за што била повикана Итна медицинска помош од Велес а тој бил пренесен во ЈЗУ Општа болница – Велес. На М.П му била извршена реанимација како и медицински прегледи и снимања во кои биле констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите тој е пренесен на лекување во Ургентниот центар - Скопје./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново