Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Pavlevski Beshovski naslovna

Општина Градско конечно ќе ја започне изградба на Откупен центар за земјоделски производи. Административно техничките пречки се надминати. Ова му го соопшти Градоначалникот Роберт Бешовски на заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески при посетата на општината. Откупниот центар е единствен во регионот и е поддржан од Бирото за регионален развој со скоро 5,9 милиони денари.

- Откупниот центар е од огромно значење за жителите на општината и соседните рурални општини, рече Бешовски.

Pavlevski Beshovsk4

Павлевски, исто така, имаше можност на лице место да ја види и реализацијата на преостанатите два проекти за кои годинава Општина Градско доби близу 2,5 милиони денари од министерството. Станува збор за изградби на двете улици во село Водоврати, првата долга 150 метри и втората во должна 190 метри, со што се подобруваат условите за живот на граѓаните. Општината учествува со 11% сопствени средства, за изработка на техничка документација, додека Министерството преку Бирото за развој и обезбеди вкупно 1.976.744 денари. 

Pavlevsk Beshovski2a

Pavlevski Beshovski3

Бешовски го информираше Павлевски и за набавените 150 канти и 50 поцинковани контејнери за смет кои ги добиваат жителите на селата Водоврати, Кочилари, Уланци, Горно и Долно Чичево и Подлес. Комуналната урбана опрема на Општина Градско и овозможи почеток на организирано собирање на смет додека за граѓаните во петте населени места подигнување на квалитетот на живот. И за оваа набавка министерството преку Биро за регионален развој обезбеди 467.280,00 ден додека од касата на општината се издвоени 11% .

Вкупната сума за трите проекти кои Општина Градско ги доби од Министерството за локална самоуправа преку Биро за регионален развој изнесува 8.062.798,00 денари./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново