ГДОМ на контрапротест во Кавадарци

Објавено на 16 мај, 2016 во 19:22

Поддржувачите на Граѓанското Движење за Одбрана на Македонија – ГДОМ, и вечерва се собраа во паркот на Револуцијата во Кавадарци. Порачаа дека избори на 5 Јуни мора да се оддржат за доброто на државата.

„Тука се собрани многу граѓани од општина Кавадарци кои дојдоа доброволно. Исплашени за себе и својата иднина и иднината на своите деца. А нема ништо посвето од иднината на своите деца. Оттаму и јас како градоначалник а и сите луѓе кои се собрани овде, чувствуваме лична одговорност и повиканост да се приклучиме кон Граѓанското движење за одбрана на Македонија“- рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Тој нагласи дека не било во ред да се сквернават објектите изградени во општината од страна на поддржувачите на „Шарената револуција“.

„Јас како граѓанин не се сеќавам на ниту еден капитален проект од оние кои сега го сквернават плоштадот. Оттаму, ние не очекуваме од нив да градат. Меѓутоа, очекуваме и одговорно и домаќински е, барем да не го урнисуваат и да не го сквернават тоа што ние го изградивме“- нагласи Панов и додаде дека поддржувачите на „Шарената револуција“ пишувале на новоизградени фасади на приватни објекти во градот.

Тој смета дека „Шарената револуција“ нема никаква прогресивност во себе, ами само деградација.

„Ако имаат нешто прогресивно, нека направат нешто. Затоа, како градоначалник повикувам да земат пример од ВМРО-ДПМНЕ и да се свртат кон нови вредности во животот. Да подготват програма која ќе ја доближат до луѓето. Да ги убедат во изводливоста на таа нивна програма. И така да не победат“- рече Панов.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.