Татко силувал ќерка во Кавадарци
Објавено на 1 декември, 2016 во 15:29
Кавадарчанецот М.А си ја силувал дванаесет годишната ќерка. Триесет и осум годишната Џ.А, мајката на девојчето случајот го пријавила во полиција и кажала дека сопругот ја силувал нивната ќерка во изминатите неколку месеци.
Според пријавата на мајката, таткото последен пат сексуално ја злоставувал ќерката ноќта во вторникот спроти средата и тоа вечерта околу 21 часот во семејната куќа. За да го изврши грозоморниот чин, тој и се заканил со нож. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот./А.Д