Почина пешакот прегазен на улица во Кавадарци
Објавено на 1 декември, 2016 во 15:43
Педесет и седум годишниот Л.Ј од Кавадарци им подлегнал на повредите кој ги здобил кога во него удрил автомобил марка „форд фокус“ со кавадаречка регистерска табличка, управуван од дваесетгодишниот С.Ц од Кавадарци.
Кавадарчанецот бил прегазен во сообраќајка што се случила на ул: „Страшо Пинџур“, ноќеска нешто по полноќ.
На прегазениот пешак веднаш му била укажана лекарска помош. Бил транспортиран до болницата во градот од каде поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Клинички центар Скопје.
Попладнево, Л.Ј им подлегнал на повредите./А.Д