77 болни од грип во Кавадарци и Росоман
Временските услови одат во прилог на поголемо ширење на вирусот на грип. Изминатата недела во Центарот за јавно здравје Кавадарци има регистрирано 77 грипозни лица.
„Бројот на болни може да поголем, бидејќи повеќе лица не одат на лекар и се лекуваат во домашни услови. Сепак не се работи за алармантна состојба и бројот на болни и годинава е во граници на нормалата за овој период од годината“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од кавадаречкиот центар за јавно здравје.
Тој нагласи дека минатата година во овој период имало 51 лице заболено од грип. Тоа значи дека годинава бројот е малку поголем.
Лекарите советуваат во овој период да се избегнуваат собирања во затворен простор на поголема група луѓе. Болните да не земаат антибиотици на своја рака, бидејќи тие не лекуваат вирусни заболувања. Доколку состојбата на болниот се влошува потребно е да се побара лекарска помош.
A.Д