Децата со посебни потреби од Кавадарци учат за културното наследство на својот град
Музеј Галерија Кавадарци реализира едукативна работилница за децата со посебни потреби насловен „Учиме и цртаме за нашето културно наследство“. Во работилницата се вклучени децата со посебни потреби кои се сместени во ООУ „Страшо Пинџур“.
„ Овој исклучително важен проект има за цел децата со посебни потреби од нашиот град ги воведиме и запознаеме со нашето недвижно културно наследство во градот и околината. Минатата година започнавме со посета на Моклишкиот манастир, црквата Св. Никола, значаен споменик на културата од 16 век. Денес ја посетивме и презентиравме црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во н. Ваташа каде што дечињата преку моделирање со пластелин и глина, цртање и боење поблизу ја осознаа убавината и значењето на овој споменик на културата од 19 век. Целта на проектот секако е да влијаеме едукативно на нив, преку дружење и забава и тие ги осознаат намената и функцијата на овие значајни споменици на културата, а нивните дела по повод 3-ти декември, денот на децата со посебни потреби, ги презентираме на изложба во нивниот центар“ рече Весна Ѓорѓиева, виш кустос историчар на уметноста, раководител на проектот.
Ѓорѓиева проектот го реализира во соработка со Трајче Цветков, кустос историчар на уметност во истата инситуција, а е финансиран од Министерство за култура./А.Д