Уште една раскрсница во Кавадарци добива семафори
Сообраќајот на раскрсницата на булеварите „Никола Минчев“’ и „Македонија“ во Кавадарци ќе се регулира со семафори. Ова е новиот сообраќаен проект на кој деновиве работи општина кавадарци.
„Градежната оператива вчера работеше на ископ на канали за поставување на подземната електро инсталација, после што ќе следи наредната фаза на поставување анкери за столбовите на кои ќе се постават светлечките семафорски единици.Вкупната инвестиција чини 1.500.000 денари со ДДВ. Изведувач на работите е специјализираната фирма „Електро Софт инженеринг“ ДОО од Скопје. Се очекува семафорот да биде предаден во употреба до крајот на месецот.“ информираат од општината.
Ова ќе биде шестата раскрсница во Кавадрци каде сообраќајот ќе се регулира со семафор. Согласно проектот ќе бидат поставени вкупно 10 столбови од кои 6 за возачи, 12 за пешаци и 4 одбројувачи на време.
Инаку Општината во наредниот период ќе го пушти во употреба третиот пешачки-училишен семафор пред ООУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.
Општината очекува со овие две нови семафорски решенија во голема мера да се обезбеди побезбедно регулирање и одвивање на сообраќајот низ градските улици/А.Д