Кавадарчанец крадел ампули од хируршкото одделение во болницата
Објавено на 22 март, 2018 во 14:18
Дваесет и четири годишниот М.Ј вчера украл триесетина ампули од фрижидерот на хируршкото одделение во кавадаречката болница.
Настанот го потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски и рече дека со брза интервенција на полициските службеници крадецот бил фатен.
„Украдените предмети се пронајдени кај лицето М.Ј и истите се вратени на оштетените“ рече Додевски.
А.Д