Девојка излетала со автомобил на патот Кавадарци-мотел Дреново
Објавено на 26 април, 2018 во 12:12
Дваесет и осум годишната А.Д од Кавадарци е повредена по сообраќајната незгода со своето возило.
Од полицијата информираа дека вчера околу 07.30 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, патничкиот автомобил марка „Форд фиеста“ со неготински регистарски ознаки управуван повредената излетал надвор од патот.
„Повредената девојка е пренесена во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци каде е задржана на лекување. Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци.“ – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски./А.Д