Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

adaptirano vozilo

Лицата со телесен инвалидитет од денеска ќе можат непречено да ги извршуваат своите обврски. За нивните потреби во функција е ново, адаптирано возило кое 24 часа ќе им биде на располагање за да ги пренесува каде имаат потреба.

Возилото во кое е вградена рампа за инвалидска количка е донација од германската амбасада. Денеска во Кавадарци, по повод предавањето на донацијата на средба со градоначалникот Митко Јанчев беше амбасадорот на Германија,  Томас Герберих.

Јанчев се заблагодари за донацијата и нагласи дека ова возило е од големо значење за инвалидизираните лица во општина Кавадарци.

  • Имаме денеска убава вест за донација на лицата со попреченост во движењето. Како општина го примаме ова возило и ќе биде во функција. Општинатра си зема обврска да организира возач и ќе ги покрива сите трошоци за одржување на возилото. Овие лица ќе можат да го користат комбето за нивни секојдневни потреби со претходно закажување“ рече Јанчев.

Амбасадорот Герберих нагласи дека комбето е обезбедено со приватна донација во амбасадата, а со истото ќе им овозможат поголема мобилност на лицата кои се ограничени во движењето.

  • Сакам да му честитам на градоначалникот за неговата добра работа што ја има направено откако го посетивме првиот пат па до сега. Финансиите за возилото кое го донираме потекнуваат од приватна донација во амбасадата и сме среќни што ќе овозможиме на здружението Мобилност и на неговите членови да станат што по мобилни и подобро да се движат. И понатаму ќе соработуваме со општина Кавадарци бидејќи  сметаме дека е многу важна соработката со општините за понатамошниот ЕУ и НАТО интегративен процес“ истакна амбасадорот.

Михајло Михаилов од здружението „Мобилност“ се заблагодари за донацијата и рече дека ова возило е од голема потреба за сите лица кои се соочуваат со пречки во движењето.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.