Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

policija kavadarciЖител на кавадаречкото село Марена синоќа околу 22 часот се повредил при пад во дупка. Поради сериозноста на повредите утринава бил пренесен на лекување во Скопје.

 

„Се работи за тешка скршеница на лева натколеница со изместување. Пациентот беше видно вознемирен. Тој доби соодветен медицински третман во болницата. Му направивме рентген и лабораториски испитувања. Беше стабилизиран, имобилизиран и со инфузиона терапија. Утринава го препративме на операција во Клиниката за трауматологија во Скопје“ рече хирургот  д-р Дано  Кулев.

За извлекување на поведеното лице од дупката интервенирале покрај итната медициснка помош и пожарникари од кавадаречката противпожарна единица.

 Утринава пак, околу 02.00 часот при вршење позорна служба во град Неготино на улиците „Цандо Кожинков“ и „Даме Груев“ од страна на полициската патрола забележани е лице како врши кривично дело - кражба на акумулатор од  паркиран трактор, при што, по интервенција на полициските службеници истиот е фатен и е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Неготино, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

 ССС
 Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 05/11/2018 година.