Изгоре куќа во Кавадарци
Објавено на 12 јануари, 2019 во 10:47
Покривот и покуќнината се целосно уништени во пожарот кој ноќеска околу 2 часот избувнал во куќа во Кавадарци. За среќа нема повредени.
Од кавадаречката против пожарна единица информираа дека со сите сили, на минусни температури, дејствувале што побрзо да го угаснат пожарот. Дејствувале се до 4 часот утрово.
„ На лице место бевме десет пожарникари во два тима, за цело време во гаснењето учествуваа и таткото и синот чија куќа гореше. По нашата брза интервенција, големиот пожар беше локализиран, а огнот не се прошири на околните куќи“ рече Александар Чадамов, командир на ТППЕ Кавадарци.
Се утврдуваат причините за пожарот и направената материјална штета./А.Д