Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

policijaТриесет и осум годишен кавадарчанец вчера попладне бил повреден во својот дом од 20 годишен свој сограѓанин. Најпрво меѓу нив имало вербална расправија, за да подоцна У.С му нанесе убодна рана од остар предмет. Од полицијата информираат дека расправијата била поради паричен долг.

„На 15.07.2019 во 16.50 часот во Полициската станица Кавадарци, И.А.(38) од Кавадарци пријавил дека истиот ден околу 16.30 часот во неговиот дом дошол У.С.(20) од Кавадарци и започнал расправија со него во врска со паричен долг. Според пријавеното, И.А. со остар предмет на У.С. му нанел убодна рана. На У.С. му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци.“информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. И.А. бил задржан во Полициската станица Кавадарци и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.          А.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.