Jaнчев: Бев на трибината на СДСМ да слушнам за проектите за Кавадарци
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ги отфрла во целост шпекулациите дека преминува во СДСМ, откако синоќа беше гостин на трибината на оваа партија што се одржа во Кавадарци. Јанчев нагласува дека на трибината се појавил исклучиво како градоначалник за да слушне околу проектите за Кавадарци што треба да се реализираат со финансиска поддршка од државата.
„Бев присутен да ги слушнам нивните проекти и да видам дали нашите проекти се усогласени во делот со она што го предлагаат и им го кажуваат на кавадарчани. Кажаа дека ќе се прави граничниот премин, кажаа дека ќе се прави заобиколница. Единствена моја забелешка е што гасификацијата е задоцнета. Бев да слушнам и што му се намерите за лозарите, кога ќе се пуштат субвенции. Како градоначалник од тој аспект бев, од морални причини“ објаснува Јанчев.
Јанчев нагласува дека не ги дели луѓето по политичка ниту верска основа, туку единствено гледа да се обезбедат подобри проекти за општината која ја води во моментот.
„ Ако не бевме корпоративни и објективни во овие две години Кавадарци ќе беше како пред две години. Бидејќи немаме суети и его Кавадарци одите и ќе оди напред. Кој како толкува и размислува. Јас размислувам баш вака дека треба да се соработува со секој релевантен фактор, по готово со владата и министрите за да општината оди напред, а ако седиме дома и опструираме и кажуваме кој од која пол партија доаѓа нема иднина“ додава Јанчев./А.Д