Две години „Мој општинар“ во Кавадарци
Проектот „Мој општинар“ кој за прв пат започна да се реализира во Кавадарци, пред две години, а беше дел од изборната програма на градоначалникот Митко Јанчев ги дава очекуваните резултати, посочи Јанчев на денешната прес конференција.
Тој нагласи дека иако на почетокот скептични за тоа дали овој проект ќе профункционира, биле многумина, сега после две години се покажало дека се надминати очекувањата.
Она на кое две години работиме и баравме начин е тоа овој проект да се вклопи во систематизацијата на општината како посебен сектор или одделение и денес ги добиваме посакуваните резлутати. Од денес „Мој општинар“ е во посебен сектор, односно сектор за техничко логистичка поддршка и мониторинг. Општинарите од „Мој општинар“ дејствуваат за сите потреби на граѓаните. Некогаш, зависно од проблемот, можат да го решат и тие самите според тоа кои им се ингеренциите, а некогаш преку специјална програма, го проследуваат проблемот до соодветно лице“ рече Јанчев и нагласи дека неговите очекувања се во иднина проектот да стане уште поуспешен и неговото функционирање ќе биде неопходно за модерна и функционална општина.
На прес конференцијата беа претставени и новите униформи, донирани од компанијата „Метал Апостолов“, а беа нагласени и бројните проекти кои се реализирани преку „мој општинар“. За во иднина се најавија повеќе проекти од областа на екологијата./А.Д