Доделени стпендиите од фондацијата „Никола Јанчев“
По повод верскиот празник св.Никола, фондацијата „Никола Јанчев“ денеска на свеченост во компанијата „Кожувчанка“ додели десет стипендии на талентирани студенти од Кавадарци. Девет месеци студентите ќе добиваат по 8.000 денари.
Најголем дел од средствата се од градоначалничката плата на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој несебично ја донира за помош на луѓето на кои им е потребна помош. Свои средства во фондацијата донира и компанијата „Кожувчанка“.
На јавниот повик имаше 45 апликанти со одлични постигнати резултати во своето образование. Предност имаа студенти кои потекнуваат од фамилии со ниски примања, студенти без родители и студенти од социјално ранливи семејства. Висината на поединечниот месечената стипендија изнесува 8000 денари бруто по стипендист. Вкупниот фонд кој ќе се додели по овој повик изнесува од 720.000 денари бруто износ.
2000 евра еднократна стипендија доби млада кавадарчанка која остана без своите родители, а е студент на медицински факултет.
„По трет пат стоиме гордо пред вас и среќни сме што во пресрет на најубавите празници ќе ја споделимерадоста со нашите 10 стипендисти и овој пат таму каде е најпотребно“ рече директорката на комапнијата „Кожувчанка“, Јанинка Чупаркоска.
Градоначалникот Јанчев уште со самото кандидирање за градоначалник најави дека неговата плата како градоначалник ќе ја донира во хуманитарни цели. Тој им честита на стипендистите и им посака успешно школување./А.Д