Започна изградбата на пешачка патека од Ваташа до Моклиште
Градежните работи за изградба на пешачко-велосипедска патека од селото Ваташа до Моклиште стартуваа денеска. Жителите на Ваташа, но и кавадарчани ќе добијат идеален проект за рекреација и безбедно движење. Патеката ќе биде целосно осветлена, а ќе ја користат и велосипедистите кои постојано се движат во овој дел.
„Станува збор за еден крупен проект со големо значење за општина Кавадарци. Објектот е со спортско-рекреативен и туристички намени. Патеката почнува од Ваташа а завшува до воденицата во Моклиште која датира од 15 век. Самата патека содржини повеќе содржини, споменикот на 12 ваташки младинци, браната Моклиште и воденицата“ вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Тој нагласи дека вкупната инвестиција е вредна околу 35 милиони денари, а се очекува изградбата да заврши за три месеци.
„Ова е еден од 200- та проекти кои се реализираат со поддршка од програмата за рурален празвој преку МЗШВ. Сите овие проекти се со вредност од 38 милиони денари. Ова што го видовме овде е една прекрасна природа, која ќе даде живот и за локалното население и ќе помогне за рекреативно движење. За поздравување е тоа што е направен еден ваков проект од општината бидејќи се размислува за заживување на руралните средини“ истакна министерот за земјоделство Трајан Димковски.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на развојот на земјоделството, Николче Бабовски рече дека покрај изградбата на пешачката патека до Моклиште, ќе се реализираат и други проекти за рамномерен развој
Ангел Данов