Гореше поткровље на зграда во Кавадарци
Два часа пожарникарите се бореа со огнот кој го зафати поткровјето од зграда на улицата „Пано Мударов“ во центарот на Кавадарци. Повредени нема, а екипи од против пожарната единица првично ги евакуираа станарите. Според последните информации пожарот е локализиран, но е причинета материјална штета, која допрва ќе се утврдува.
Во интервенцијата покрај пожарникарите беа вклучени и вработени во ЈП Комуналец и ЈП Паркинг Кавадарци, а сеуште не се познати причините за овој голем пожар кој беше проширен на целото поткровје од зградата.
„Имавме брза интервенција од полициска станица Кавадарци. Се евакуираа сите жители на самата зграда. На најгорниот кат имавме една изнемоштена жена, која немоеже да движи и бебзедно беше евакуирана. Брзо интервенираше и против пожарната единица со три екипи и четири возила. И ЈП Комуналец вршеше дотур на вода“ вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев./А.Д